Голем корупциски скандал во Чешка: Проневерени 160 милиони евра од ЕУ фондови

24.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голем корупциски скандал во Чешка: Проневерени 160 милиони евра од ЕУ фондови

Обвиненијата за корупција, злоупотреба на субвенции, нанесување штета на финансиските интереси на ЕУ и перење пари се поднесени против 16 лица, соопштија Европското јавно обвинителство (EPPO) и чешката полиција. Осомничените незаконски стекнале финансиска добивка преку манипулирање со тендерите за јавни набавки во Универзитетската болница Мотол во Прага.

Повеќе од 350 полицајци извршија претреси во болницата, компании и адвокатски канцеларии. Полицијата потврди дека истрагата за оваа група започнала уште во 2023 година.

„Доколку бидат прогласени за виновни, главните осомничени би можеле да добијат затворски казни до 12 години“, соопшти полицијата.

Чешка е подобро рангирана од повеќето земји во Централна Европа според индексот на Транспаренси интернешнл, но организацијата предупредува на недостиг на транспарентност во јавните набавки. Во посебен случај, EPPO пред една година водеше истрага за јавни набавки на медицински материјали за болниците, што доведе до апсење на десет лица./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата