Мемоарите, под наслов „Химна за животот“, ќе бидат објавени на 27 јануари 2026 година на 20 јазици. Пелико мемоарите ги пишува заедно со новинарката и писателка Жудит Перињон
Пелико се заблагодари за поддршката за време на судењето.
- Сакам да ја раскажам мојата приказна со свои зборови. Со споделување на оваа приказна се надевам дека ќе пренесам порака на надеж и храброст до сите кои минуваат низ тешки искушенија во нивните животи. Се надевам дека никогаш нема да се срамат, истакна Пелико.
Во декември минатата година мемоари издаде ќерката на Пелико – Керолин Даријан, под наслов „Никогаш повеќе нема да го наречам тато“. Француската верзија на оваа книга се појави пред две години, кога сè уште не беше започнат случајот против Доминик Пелико.
Жизел од 2011 до 2020 година била дрогирана и околу 200 пати силувана во нејзиниот дом од различни мажи додека била во бессознание.
Во септември 2020 година Доминик Пелико е приведен поради вознемирување на жени односно снимал жени под здолниште во супермаркет. При претресот во неговиот телефон и компјутер пронајдени се вкупно 20.000 видео-снимки и фотографии од сексуалните напади врз Жизел. Иако на снимките се појавуваат 83 мажи, полицијата успеала да идентификува само 51 маж.
На 19 декември минатата година судот во Авињон ги прогласува за виновни Доминик и 50 мажи, од кои 46 се виновни за силување, двајца за обид за силување и двајца за сексуален напад. Доминик е осуден на максимална 20-годишна затворска казна.