Патник го изгубил телефонот среде лет- авионот се вратил од над Атлантикот и принудно слетал

21.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Патник го изгубил телефонот среде лет- авионот се вратил од над Атлантикот и принудно слетал

Боингот 777-300ER, кој полетал од аеродромот Шарл де Гол во 11:51 часот со вкупно 375 патници и 12 членови на екипажот, бил принуден да се врати и да слета на аеродромот Орли, откако екипажот не успеал да го лоцира телефонот на еден од патниците. И покрај темелното пребарување на кабината, тие не успеале да го најдат, што претставува потенцијална опасност за безбедноста на летот поради можноста уредот да се прегрее или да се заглави во недостапни делови од кабината.

Авионот кружел во воздух околу еден час на височина од 31.000 стапки во близина на брегот на Франција, пред екипажот да донесе одлука да се врати на аеродромот. Летот AF750 безбедно слетал на пистата 06 на аеродромот Орли во 14:06 часот, нешто повеќе од два часа по полетувањето.

Техничките тимови на „Ер Франс“ моментално работат на лоцирање на исчезнатиот телефон за авионот што поскоро да полета назад до својата дестинација, објави Индипендент.

Иако ваквите ситуации не се вообичаени, мерките на претпазливост бараат строги правила, особено кога станува збор за електронски уреди кои можат да ја загрозат безбедноста на летот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата