Главниот сојузник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели, денеска ја прошири иницијативата за ставање крај на 40-годишниот конфликт со Курдистанската работничка партија (ПКК), предлагајќи прокурдската парламентарна партија ДЕМ да започне преговори со затворениот водач на ПКК Абдула Оџалан.
ДЕМ одговори на поканата на Бахчели со поднесување барање до Министерството за правда за средба со Оџалан.
Партијата истакна дека е подготвена да придонесе за решавање на курдското прашање и за демократизација на Турција.
Бахчели претходно предложи Оџалан да го објави крајот на бунтот во замена за можноста за негово ослободување.
Турските власти ја сметаат ПКК за терористичка организација, а конфликтите со курдските милитанти траат повеќе од 40 години.
Според последните информации, властите уапсиле 231 лице осомничени за врски со ПКК./MИА