Следниот повеќегодишен буџет и декемврискиот Самит на ЕУ главни теми на денешниот ГАК

17.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Следниот повеќегодишен буџет и декемврискиот Самит на ЕУ главни теми на денешниот ГАК

Според најавите, состанокот ќе започне со дискусија за утврдување на дневниот ред на декемвриското заседание на Европскиот совет, кое ќе ги собере шефовите на држави или влади на членките на Унијата. 

Во продолжение на средбата министрите или државните секретари на земјите членки на ЕУ ќе одржат и политичка дебата за предлогот на Европската комисија за следниот повеќегодишен буџет на Унијата.    

Европската комисија во рамки на состанокот на ГАК пред министрите ќе ја претстави и својата работна програма за 2026 година, по што ќе следи размена на мислења по презентираниот документ. 

За време на работниот ручек министрите ќе одржат неформална дискусија за односите на ЕУ со Велика Британија. 

Пред почетокот на состанокот на ГАК, со кој ќе претседава данската министерка за европски прашања Мари Бјере, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, ќе се одржи седмата Меѓувладина конференција од пристапните преговори меѓу Албанија и Унијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата