Ова е втора посета на кинески лидер на планинскиот регион во југозападна Кина, кој има историја на бунтови против Пекинг, пишува Франс Прес.
Организациите за човекови права ја обвинуваат Кина за потиснување на верските слободи таму и за воведување строг надзор врз населението. Пекинг возвраќа дека драстично го подобрила животот на луѓето во Тибет.
-Управувањето, стабилизацијата и развојот на Тибет бараат, пред сè, одржување на политичката и социјалната стабилност, меѓуетничкото единство и религиозната хармонија, рече Си вчера за време на состанокот со локалните власти.
Околу 20.000 политички претставници, ученици и членови на тибетското општество денеска се собраа пред палатата Потала, поранешната резиденција на Далај Лама, религиозниот водач на тибетскиот будизам.
Ванг Хунинг, еден од водечките политичари на Кинеската комунистичка партија, повика на „подлабока борба против сепаратизмот“.
-Секој обид за поделба на татковината и поткопување на стабилноста на регионот е осуден на неуспех, рече тој.
Војници и костимирани танчери парадираа пред Си Џинпинг.
Неговата посета доаѓа во време на дебата за наследникот на 90-годишниот Далај Лама, кој живее во егзил во Индија.
Во јули, религиозниот водач рече дека наследник ќе биде именуван по неговата смрт, но без вклучување на кинеските власти, став што Пекинг силно го отфрла.
Без да го спомене Далај Лама, Си Џинпинг вчер повика на „ориентација“ на тибетскиот будизам кон „адаптација кон социјалистичко општество“.