Си во говорот на Форумот во Пекинг со претставниците на Заедницата на земјите од Јужна Америка и Карибите наведе дека е големо задоволство да се соберат „старите и новите“ пријатели.
Тој наведе дека Кина го поддржува проширувањето на влијанието во државите од Јужна Америка и Карипскиот басен.
- Кинеските власти ќе им обезбедат на земјите од Јужна Америка заем од 66 милијарди јуани (околу 9,2 милијарди долари), наведе Си.
Тој најави и дека Пекинг планира да го зголеми увозот во земјите во регионот.
- Ќе поттикнеме поголем прилив на инвестиции за да го поддржиме развојот на земјите од Јужна Америка и Карибите, посочи Си.