Си-Би-Ес: Од високи функционери на ФБИ побарано да дадат оставка или ќе бидат отпуштени

31.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Си-Би-Ес: Од високи функционери на ФБИ побарано да дадат оставка или ќе бидат отпуштени

Извори рекоа дека високи функционери во седиштето на ФБИ се одговорни за надгледување на врвните приоритети на бирото, како што се прашањата за националната безбедност и кибер безбедноста. Си-Ен-Ен први ја објавија веста. Разрешувањето на високи функционери доаѓа додека кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за директор на ФБИ, Кеш Пател, беше сослушан пред Сенатот, кој треба да го потврди неговото назначување.

Пател за време на сослушувањето изјави дека ФБИ под негово раководство нема да бара одмазда против противниците на Трамп или да покренува истраги за политички цели. Пател на Комитетот за правосудство на Сенатот изјави дека нема да има политизација во ФБИ.

Демократите во Сенатот претходно изјавија дека Пател не е способен да работи како директор на ФБИ, наведувајќи го неговото верување во теориите на заговор и неговата лојалност кон Трамп. Сослушувањето на Пател во Сенатот започна во четвртокот.

Сослушувањето започна со момент молк за загинатите во сударот на патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер Блек Хок во близина на Вашингтон, јавува Си-Ен-Ен. Претседателот на Комитетот за правосудство на Сенатот, Чак Грасли, рече дека Пател, доколку биде назначен, ќе треба да ја врати „довербата на јавноста“ во бирото.

Пол Абот, кој се очекуваше да го замени досегашниот директор на бирото, Кристофер Вреј, претходно поднесе оставка од ФБИ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата