Тој на прес-конференција рече дека сторителот не и е познат на полицијата и нема врски со криминални групи, како и дека нема ништо што укажува на тоа дека делото го извршил од идеолошки причини. Сторителот бил на возраст од 35 години и немал никакви приходи. Влегол во училиштето вооружен со ловечка пушка, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.
Полицијата претпоставува дека тој дејствувал сам, иако не ја исклучуваат можноста дека имало и други лица вмешани. Тој рече дека полицијата се уште „целосно“ не ги идентификувала сите жртви, а нема нови информации за бројот на загинати и повредени во престрелката што се случи во училиштето за возрасни „Кампус Рисбергска“.
„Сите кои биле присутни во училиштето или има снимки од настанот се повикани да се јават во полицијата“, рече Форест на прес-конференција.
Во исто време, во центарот на Еребро се одржа информативна средба за семејствата на жртвите, на која беа презентирани плановите за понатамошна идентификација.
Во Еребро денеска пристигнаа шведскиот крал Густаф, кралицата Силвија, премиерот Улф Кристерсон и министерот за правда Гунар Штромер и им оддадоа почит на жртвите во училиштето. /МИА