Според пријавата, инцидентот се случил вчера во 17 часот, кога маж на околу 30 години започнал расправија со возачот откако автобусот излегол од постојката, пренесе агенцијата ПАП.
"Според возачот, тој му побарал возачка дозвола. Возачот одбил, а потоа мажот испукал три куршуми од, како што пријавил возачот, пиштол. Истрелите го уништиле левото крило на влезната врата", изјави Адам Ставицки, портпарол на градската автобуска компанија во Варшава (MZA).
Тој додаде дека возачот веднаш повикал полиција. Полицијата напоменува дека во инцидентот немало повредени и дека насилникот по пукотниците го напуштил местото на настанот.