Шведска истражува можно оштетување на подводен кабел во Балтичко Море

21.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шведска истражува можно оштетување на подводен кабел во Балтичко Море

- Добивме информации за можен прекин на кабелот и обвинителството одлучи да отвори прелиминарна истрага. Брод на крајбрежната стража е испратен на самото место, изјави портпаролот на шведската крајбрежна стража, без да наведе повеќе детали.

Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон истакна дека Владата е информирана и оти штетата на подводната инфраструктура е особено загрижувачка во моменталната безбедносна ситуација.

Засега не е познато за каков тип на кабел се работи и кога настанала евентуалната штета. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата