Заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи Сергеј Рјабков ги информираше амбасадорите на БРИКС акредитирани во Русија за ситуацијата во руско-американскиот дијалог, нагласувајќи ја потребата од зголемување на динамиката на контактите меѓу Москва и Вашингтон за билатерални прашања, соопшти денеска Министерството.
- Сергеј Рјабков одржа брифинг за шефовите на дипломатските претставништва на земјите од БРИКС акредитирани во Москва, при што ги информираше за ситуацијата во руско-американскиот дијалог во светло на неодамнешните билатерални контакти, се вели во соопштението.
На средбата Рјабков ја истакнал потребата од зголемување на динамиката на контактите меѓу Русија и САД за билатерални прашања за кои, како што наведе, телефонски се разговарало во последните денови и на разговорите во Ријад за ставање крај на војната во Украина. /МИА