Одделот за шумарство и противпожарна заштита во Калифорнија извести дека пожарот во западен Лос Анџелес и пожарот во близина на округот Пасадена се целосно локализирани.
На почетокот на јануари избувнаа повеќе шумски пожари во областа на Лос Анџелес, што се интензивираа и од силните ветрови и екстремно сувото време.
Пожарите на Палисадес и Итон беа најлоши. Тие уништија огромни површини и повеќе од 16.200 објекти. Бројот на потврдени жртви досега е 29 лица. /МИА