Отворен е преминот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет

1.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Отворен е преминот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет

Според д-р Мохамед Закут, генерален директор на Одделот за здравство во Газа во Министерството за здравство, околу 6.000 луѓе се подготвени за евакуација преку преминот, а на 12.000 луѓе им е потребна итна помош.

Отворањето на преминот е дел од договорот за прекин на огнот во Газа. Претходно денеска Хамас ослободи тројца израелски заложници.

Терминалот Рафа е главен за испорака на хуманитарна помош во Газа, но израелската армија го затвори во мај 2024 година.

 ЕУ вчера распореди мисија за помош во областа со цел да му помогне на палестинскиот пограничен персонал и ќе дозволи трансфер на луѓе надвор од Газа, вклучувајќи ги и оние на кои им е потребна медицинска нега. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата