Што да направите ако се најдете среде терористички напад? Брзата реакција, смиреноста и предвидување на чекорите за бегство во засолниште се клучни фактори за преживување.
На нашата земја не и се заканува тероризам, но ситуацијата во светот не е безопасна, а со оглед на тоа дека многу се патува пасноста секогаш постои.
Паниката е најголемиот непријател ако човек се најде среде терористички напад. Колку и да е ситуацијата драматична, неопходно е да се размислува со мирна глава и да се донесат правилни одлуки. Пред сè, потребно е да се бара скришно место, односно да се најде цврста препрека.
<b><i>Ако се најдете среде терористички напад, не паничете. Останете смирени и преземете брзи и безбедни чекори за да се заштитите себеси и другите. Брзо проценете што се случува околу вас. Обидете се да го идентификувате изворот на опасноста. Планирајте ги следните чекори. Ако можете, тргнете се од местото на настанот што е можно поскоро. Намалете го звукот на вашиот мобилен телефон. Ако не можете да избегате, најдете просторија и блокирајте го влезот во неа.</i></b>
- Доколку не можете да излезете од затворениот простор каде што се случува нападот, потребно е да се скриете некаде подалеку од очите на напаѓачите, бидејќи е докажано дека напаѓачите во трговски центри и слични средини убиваат луѓе кои им се во видокруг. Затоа сокријте се некаде. Ако можете, ставете нешто на вратата, столче или маса, плакар, што било, за напаѓачот да има пречка меѓу вас и него и намалете го ѕвонењето на телефонот за да не ве слушне напаѓачот и потоа информирајте ја полицијата, вели проф.д-р Илија Животиќ, стручњак за безбедност.
<b>Како да се нападне напаѓачот? Противпожарен апарат може да биде одлично оружје за самоодбрана.</b>
- Третата опција е опцијата, ако напаѓачот во одреден момент е пред вас, тогаш треба да искористите се што ви е при рака за да го нападнете. Ако ве има повеќе, можете да го користите апаратот за гаснење пожар и едноставно да го испразните сиот кон напаѓачот со што ќе му оневозможите да гледа и да има добра позиција. Затоа потребно е да го нападнете од неколку страни. Можете да го нападнете напаѓачот со столици, маса, можете да го гаѓате со се што имате при рака, да користите ножици или кој било друг предмет со кој можете сериозно да го повредите. Сепак, најважно и сите експерти препорачуваат дека најважно е да побегнете од самото место и потоа да повикате полиција, вели стручњакот.
Искуствата од Америка, Русија и други земји кои биле изложени на терористички напади покажале дека при ваков напад потребно е што поскоро да се стави телефонот во функција и да се чекаат инструкциите на безбедносните органи. Не постои универзално решение за стратегијата за контратерористички напади. Методите треба постојано да се ревидираат и приспособуваат за да одговорат на заканите кои се развиваат.