Шпанија дава подрршка на предлогот на Макрон за мисија на ОН во Газа

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпанија дава подрршка на предлогот на Макрон за мисија на ОН во Газа

Шпанија го сигнализираше својот став за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање меѓународна коалиција под мандат на Обединетите нации за стабилизирање на Газа, опишувајќи го како еден начин за донесување мир во регионот.

Макрон во понеделникот изјави дека мисијата со мандат на ОН ќе биде задолжена за обезбедување на Појасот Газа, заштита на цивилите и поддршка на неодредена палестинска власт.

Тој рече дека Советот за безбедност на ОН треба да работи на воспоставување на мисијата, додека Франција исто така ќе соработува со своите партнери.

-Предлогот... е едно од средствата што можат да помогнат во постигнувањето мир и безбедност во Газа и на Блискиот Исток, како и работата на УНРВА, агенцијата на ОН за палестинскиот народ, соопшти шпанското министерство.

Овие сили мора да бидат чекор кон градење решение за две држави, се додава во соопштението, осврнувајќи се на идејата за постигнување мир преку воспоставување палестинска држава покрај Израел, на територијата заземена од Израел во војната во 1967 година.

Шпанија е гласен критичар на проширувањето на војната во Газа од страна на Израел и минатата година им се придружи на неколку земји од ЕУ во признавањето на палестинска држава, група на која сега ѝ се придружи и Франција.

Со предлогот за мисија со мандат на ОН во Газа, Макрон се обидува да го искористи моментумот создаден со минатомесечното признавање на палестинската држава, што предизвика домино ефект на признавања, а Велика Британија, Канада и Австралија објавија планови да го сторат истото следниот месец.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата