На Мерц му недостигаа шест гласа за да го обезбеди потребното апсолутно мнозинство, а иако коалицијата на ЦДУ/ЦСУ со социјал -демократите имаат вкупно 328 пратеници во 630 члениот Бундестаг, сепак Мерц доби само 310 гласа. Изборот во Бундестагот е таен, а за сега не е јасно кој од неговата коалиција не му дал поддршка.
-310 пратеници гласаа „За“, 307 гласаа „Против“, 3 воздржани. Пратеникот Фридрих Мерц не го доби потребното мнозинство од најмалку 316 гласа. Согласно член 63 (2) од Уставот, тој не е избран за Федерален Канцелар на Федерална Република Германија.-Јулија Клокнер – Претседателка на Бундестагот.
Сепак ова не е крај за надежите на Мерц да стане Канцелар.. Според процедурите на германскиот Бундестаг, втор круг на гласање може да се одржи во секое време, во период од две недели,а доколку и во таа прилика кандидатот не добие апсолутно мнозинство, за негов избор потребно е просто мнозинство во третиот круг. Дури и ако тоа не успее, тогаш германскиот претседател може да го распушти Бундестагот и да повика на нови избори.
-Сме имале бројни избори за премиери низ цела Германија, каде првиот круг не бил доволен. Тоа веќе се има случено и во други држави,--Јохан Вадепул – ЦДУ/ЦСУ.
Но, од опозициската крајно-десничарската АФД сметаат дека не треба воопшто да се чека и веднаш да се оди на нови избори... Сметаат дека резулатот на Мерц се должи на ветувањата кои тој ги прекршил по изборната победа.
-Ние (АФД) сме подготвени за владина одговорност, и можеме само да повикаме здравиот разум да надвладее. Господинот Мерц треба да си поднесе оставка веднаш и на тој начин да се отвори пат за нови избори во нашата земја.-Алис Вајдел – Претседателка на АФД.
Сепак, дури и да успее да стане Каналцер, дел од аналитичарите оценуваат дека денешното гласање ќе фрли сенка на мандаот на Мерц.. На неуспехот тој да биде избран гледаат како понижување, веројатно нанесено од членовите на социјал-демократите и покрај коалицискиот договор кој неодамна го постигнаа двете партии.
-Ова е катастрофа за Фридрих Мерц. Мислам дека ова е вистински удар за целата негова понуда како иден лидер на Германија. Олаф Шолц успеа да биде избран за Канцелар, неговата коалиција потоа се распадна поради внатрешни несогласувања, но ако Фридрих Мерц не успее да го направи тоа во прв круг, тоа е навистина удар за неговата репутација.-Ричард Вокер – Аналитичар.
Мерц кој на изборите во февруари извојува убедлива победа за конзервативците, пред крајно-десничарската АФД стана кандидат за Канцелар по коалицискиот договор со социјал-демократите на доскорешниот канцелар Олаф Шолц кој пак доживеа дебакл на изборите. Токму Шолц, вчера на традиционален начин беше традиционално испратен од функцијата со хор на германската армија и песна по негов избор.