Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја

28.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја

Ова е прва реакција на Пјонгјанг по повиците за подобрување на односите од новиот јужнокорејски претседател Ли Џае-мјунг.

Ким Јо-џонг,, висока претставничка на владејачката партија, за која се смета дека зборува во име на нејзиниот брат, истакна дека Ли Џае-мјунг не се разликува од неговиот претходник, бидејќи продолжува со тесна соработка со САД.

„Ако Јужна Кореја мисли дека може да ги избрише последиците од своите постапки со неколку сентиментални зборови, тогаш тоа е најголемата заблуда“, се наведува во нејзината изјава.

Ли Џае-мјунг ја презеде функцијата на 4 јуни по предвремените избори, откако претходниот претседател Јун Сук-јеол беше отстранет поради обид да воведе воена состојба. Новиот претседател вети дека ќе се заложи за подобрување на односите со Пјонгјанг, кои се во најлоша фаза во последниве години. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата