Сенатор на Трамп се сретна со премиерот на Кина

23.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сенатор на Трамп се сретна со премиерот на Кина

Американскиот републикански сенатор Стив Дејнс се сретна со премиерот на Кина, Ли Кечијанг во Пекинг, заедно со група директори на американски компании, по годишниот деловен самит што се одржа во кинескиот главен град, на кој присуствуваа извршни директори на големи странски компании, објави Ројтерс.

Со Дејнс беа седум водечки менаџери од американски компании, вклучувајќи ги Qualcomm, Pfizer, Cargill и Boeing. Разговорите се одржаа во Големата сала на народот во Пекинг, според странските медиуми.

Дијалог со Пекинг

Патувањето на Дејнс е првпат американски политичар да ја посети Кина откако републиканецот Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на САД во јануари.

Пекинг сака дијалог на високо ниво со администрацијата на Трамп, надевајќи се дека ќе избегне понатамошен притисок од Вашингтон со воведувањето царини.

Односите меѓу Кина и САД повторно се заладија откако Трамп воведе дополнителни царини за кинески стоки, обвинувајќи го Пекинг дека не прави доволно за да го запре протокот на фентанил во САД.

На состанокот Ли му рекол на Дејнс дека „нема победници во трговската војна“. „Кина ... активно ќе промовира решенија кои се однесуваат на легитимните барања на компаниите и подеднакво ги третираат домашните и странските компании“, рече Ли, цитиран од кинеската новинска агенција Ксинхуа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата