Се урна плафонот во детска градинка во Чешка

10.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се урна плафонот во детска градинка во Чешка

Среќата во несреќата е што инцидентот се случил за време на викендот кога децата не одат во градинка, објави порталот „cas.sk“.

„Во несреќата нема повредени. Имавме среќа бидејќи инцидентот се случи минатиот викенд кога градинката не работеше. Во зградата во моментот на уривањето на плафонот немаше никој. Истрагата ќе утврди од што дошло до уривање. “, изјави еден од пожарникарите доброволци, кој прв излезе на местото на несреќата.

„Нема непосредна опасност на лице место и целиот случај е во рацете на раководството на градските власти во Збирох.“

„Тие ќе се погрижат за замена на плафонот и сите други неопходни поправки“, додаде неименуваниот пожарникар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата