Синот на норвешката принцеза уште еднаш е уапсен, ја контактирал својата жртва

16.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Синот на норвешката принцеза уште еднаш е уапсен, ја контактирал својата жртва

Тој бил приведен откако ја прекршил забраната пристапување на Ребека Хелберг Арнтсен, која Хоиби признала дека ја нападнал под дејство на алкохол и дрога на 4 август, по што прво бил уапсен и задржан во полициска ќелија преку ноќ.

Наредбата за задржување не била издадена веднаш по првиот напад, туку откако тој наводно во неколку наврати контактирал со жртвата по тој настан. Според норвешкиот таблоид Се Ог Хор, 27-годишниот Хоиби наводно контактирал со жртвата, која претходно ја нарекувал „девојка“, од скриен телефонски број во саботата на 7 септември.

Потсетуваме, по првото апсење, полицијата излезе со соопштение за инцидентот.

„Полицијата излезе на терен по пријава за насилничко однесување во текот на ноќните часови во стан во Осло. Уапсен е млад човек на 20-годишна возраст, а следниот ден е пуштен од притвор“, соопштија и потврдија дека се работи за посинокот на престолонаследникот. „Жртвата е згрижена, но во моментов немаме информации дали се здобила со сериозни повреди“, рекоа тогаш.

Откако веста излезе во јавноста, се огласи и поранешната девојка на Мариус, поранешната манекенка на Плејбој, Џулијан Снекестад. Таа изјавила дека и психички и физички била малтретирана додека биле во врска.

"И претходно бев изложена на неговото ментално и физичко насилство. Менталното насилство беше најбрутално. Ова не го споделувам затоа што сакам сожалување или фокусот да се префрли на мене... Тоа веќе се случи. И тој мора сега да се запре “, гласеше нејзината објава на Инстаграм, а беше објавена и од Дејли Мејл.

Преку адвокатот Ојвинд Братлиен, Мариус објави изјава во која ја призна вината и се извини на девојката поради која најпрво заврши во притвор и изјави дека во тој момент бил во алкохолизирана и дрогирана состојба и имал неколку ментални нарушувања, напиша норвешката НРК.

„Користењето дрога и мојата дијагноза не го оправдуваат она што се случи во станот во Фрогнер ноќта во неделата минатиот викенд. Сакам да одговорам за тоа што го направив, а на полицијата сѐ ќе ѝ кажам искрено“, рече меѓу другото.

Кон крајот на август на социјалните мрежи се рашири фотографија на Мариус како позира со пиштол и пијалок во рацете, гол до половината и со пари во панталоните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата