Се огласи Трамп по видео средбата со ЕУ лидерите и Зеленски

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Трамп по видео средбата со ЕУ лидерите и Зеленски

„Тој беше на линија. Претседателот Зеленски беше на линија. Би го оценил со чиста десетка - многу, многу пријателски“, рече тој.

Трамп најави можна заедничка средба со Путин и Зеленски

Тој потсети дека добро ги познава европските лидери бидејќи, како што тврди, за време на неговиот мандат во НАТО, го зголемил придонесот на членките од „2% неплатени на 5% платени од БДП, што значи трилиони долари во одбранбени капацитети“.

Трамп нагласи дека од самиот почеток планот бил прво да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа да разговара со претседателот Зеленски и другите лидери.

Тој, исто така, откри дека постои „многу добра шанса“ за втора средба која, според него, би можела да биде попродуктивна од првата. „Првото е да видиме каде сме и што правиме. Ако првиот помине добро, речиси веднаш ќе организираме втор состанок меѓу претседателот Путин, претседателот Зеленски и мене - ако сакаат да бидам таму. Можеби тогаш би можеле да се согласиме за апсолутно решение, иако на првиот може да се постигне голем напредок. Првиот состанок е исклучително важен бидејќи поставува основа за вториот“, рече Трамп.

Трамп предупредува: Ќе има сериозни последици ако Русија не се согласи на крај на војната

Тој додаде дека можеби нема да има втор состанок „ако проценам дека не е соодветно да се одржи, бидејќи не ги добивме одговорите што ни се потребни“.

На прашањето дали Русија ќе се соочи со последици ако не продолжи со мировен договор за Украина, Трамп одговори: „Да, ќе се соочи“.

На прашањето што би вклучувале тие мерки, тој рече: „Ќе има, не морам да кажам какви се, но ќе има многу сериозни последици“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата