Се огласи Доналд Трамп за забраната за ТикТок: Најверојатно ќе има продолжен рок

18.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Доналд Трамп за забраната за ТикТок: Најверојатно ќе има продолжен рок

„Мислам дека тоа секако би била опција што би ја разгледале. Продолжувањето од 90 дена е нешто што веројатно би се направило, бидејќи тоа е соодветно“, рече Трамп во телефонско интервју за NBC News, за време на „Meet the Press“ со новинарот Кристен Велкер.

За потсетување, TikTok објави дека е принуден да ги прекине сите активности во САД од утре. Доколку не добие јасна изјава од Белата куќа за нејзината иднина, оваа апликација ќе биде недостапна за корисниците во САД.

Соопштението дојде откако американскиот Врховен суд вчера го потврди законот со кој се забранува TikTok во САД, освен ако платформата до утре не ги прекине врските со кинеската матична компанија ByteDance, објави ABC.

Американската администрација вчера соопшти дека нема да ја спроведе потенцијалната забрана веднаш по истекот на рокот, оставајќи го спроведувањето на законот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата во понеделник.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата