Неговиот „Летечки Кремљ“ Иљушин 96-300 исчезна од радарските екрани над оддалечените планини Алтај во Сибир, по летот од Москва во понеделникот, на Нова година според календарот што го користи Руската православна црква.
Два дена подоцна, леталото повторно се појавило на приближно истата локација, овој пат летајќи назад кон Москва, пишува Дејли Мејл.
Телеграмскиот канал „Повеќе од факт“ сугерира дека Путин можеби поминал време во своето пространо одморалиште „Алтај двор“ во соседниот регион Алтај.
Оваа сибирска палата наводно има огромен, високотехнолошки подземен бункер со сопствена електрана од која би можела да ја контролира Русија во случај на нуклеарна војна.
Минатата година беше објавено дека тука е скриена доволно храна за да се нахранат до 300 луѓе „неколку години“.
Путин е виден на видеата објавени од Кремљ во период кога тој наводно бил отсутен, но тие можеби биле претходно снимени за употреба во време кога е на неговите тајни одмори.
„Air Force One отсуствуваше од главниот град два дена (13-15 јануари). Исчезна од екраните на радарите во регионот Алтај. Постои рекреативен центар наречен Altai Courtyard - каде се капете во крвта на млад марал (елен ) да си го подобрите здравјето, да си го продолжите животот и да се здобиете со сила“, се наведува на каналот Телеграм.
Православната Нова Година - позната во Русија како Стара Нова Година според јулијанскиот календар, се слави на 14 јануари.
Ако се испостави дека Путин навистина побегнал на одмор, овонеделната пауза во Сибир доаѓа пред клучните одлуки за војната, бидејќи Доналд Трамп бара предвремена средба со него за да се запре крвавата војна во Украина.