Самит во Белата куќа – Почеток на крајот во војната во Украина?

19.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Самит во Белата куќа – Почеток на крајот во војната во Украина?

 Сепак официјални детали се уште нема, но неофицијлано Путин ја прифатил поканата на америкаснкиот претседател Доналд Трамп, кој вчера го паузираше  состанкот во белата куќа со европските лидери и телелфонски го контактирал. Дека Путин иако отсутен сепак беше клучна тема во разговорите се слушна и од неформалниот разговор меѓу Трамп и Макрон.

-„Мислам дека сака да склучи догово. Мислам дека сака да склучи договор со мене, разбирате ли? Колку и да звучи лудо.“, Доналд Трамп – претседател на САД.

Украинскиот претседател беше пријателски дочекан во Белата куќа,но овој пат друштво во разговорите за можните патишта кон мир му правеа и францускиот претседател, Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателактта на ЕК Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на на НАТО, Руте. 

„Претседателот Путин се согласи дека Русија ќе прифати безбедносни гаранции за Украина и ова е една од клучните поенти што  треба да ja разгледаме и ќе ja разгледаме, исто така, како и тоа кој што ќе прави, во суштина сум оптимист дека колективно можеме да постигнеме договор што би спречил каква било идна агресија врз Украина.“- Доналд Трамп – претседател на САД.

Безбедносните гаранции се од суштинско значење, согласни и европјеците и америкнаците, по синоќешните неколку часовни разговори во Белата куќа, но Трамп остана прилично резервиран во врска со тоа каkо би можела да изгледа конкретната поддршка. Според дел од експерите можни опции се распоредување на европски и американски трупи во Украина, логистичка или разузнавачка поддршка. 

Иако прекин на огнот кој беше еден од предусловите на Зеленски за средба со Путин не е договорен, спека украинскиот претседател задоволен од наајвите. Вели неговата земја во следните десетина дена ќе финализира гаранциите за безбедност, а темата за можни територијални отспапки кои ги бара Русија вели – ќе биде тема која ќе ја остави за разговрот меѓу него и Путин. 

„Ова е клучна тема како почеток на завршување на војната. Верувам дека ова е голем чекор напред. Сè уште не можам да кажам како ќе оди или да ги откријам сите детали. Но, важно е дeка постои политичка волја и има политички одлуки.... Не не немаме датум, само потврдивме со претседателот и сите колеги, партнери, дека сме подготвени на трилатерална средба. Украина никогаш нема да запре на патот кон мирот... “- Володомир Зеленски – претседател на Украина.

За европските лидери клучно е огнот да прекине – велат не можат да замислат нов состнаок без тоа да се случи. На маса беа отворени критичните прашања - иако атмосферата во Белата куќа беше подобра сепак напредокот во содржината на разговорите се чини беше ограничен.   

 „Лично, имам сериозни сомнежи за реалноста на желбата за мир од страна на рускиот претседател, бидејќи сè додека мисли дека може да победи преку војна, тој ќе го стори тоа. А неговата крајна цел е да освои што е можно повеќе територија, да ја ослабне Украина и да има Украина која не е одржлива сама по себе или во рамките на руската сфера на влијание.“ - Емануел Макрон – претседател на Франција.

„Таков самит е можен само ако оружјето мирува. Денес го повторив ова барање. Второ, таков самит мора да биде темелно подготвен. Не знаеме дали рускиот претседател ќе има храброст да присуствува на таков самит. Затоа е потребно убедување.“- Фридрих Мерц – германски канцелар.   

На разговорите во Белата куќа им претходеше состанок меѓу Трамп и Путин на Алјаска в петокот. По што америксанкиот претседател посочи дека е постигнат голем напредок во разговорите за условите за мир. Неколку дена по оваа средба рускиот министер за надворшени работи Сергеј Лавров со пофали Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги искритикува европските лидери за инсистирањето на прекин на огнот. 

Според последните информации, Путин бара сеопфатен договор, а потоа прекин на огнот, спротивно од ставот на Брисел и Киев. Тој воедно бара Украина целосно да се повлече од Доњецк и Луганск во замена на замрзнување на фронтот во Херсон и Запорожје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата