Тој наведе дека „тоа што го прават Американците е многу важно“.
- До јануари оваа година немаше разговори со Русите. Драго ми е што претседателот Доналд Трамп го скрши мразот и ја презеде лидерската улога, му честитам за тоа, наведе Руте.
Според него, САД ги координираат своите активности со европските партнери. Добар знак е што синоќа имаше разговор (помеѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин), а веднаш потоа Трамп разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со европските лидери, истакна Руте.