Според „Гардијан“, 55-годишниот брод „Килдин“ наишол на проблеми во близина на сирискиот брег минатиот четврток, кога од неговата инка почнале да излегуваат пламени јазици и густ црн чад. Екипажот подигна две црни топки на јарболот, сигнализирајќи дека повеќе немаат контрола над бродот.
Бродот го известил блискиот товарен брод Мила Мун, кој плови под знамето на Того, дека не може да маневрира и го предупредил да остане на најмалку 2 километри. Руската екипа се собрала на задната палуба на „Килдин“ и подготвила чамци за спасување, но не повикала помош. По пет часа борба со огнот, „Килдин“ ги рестартирал моторите и продолжил да плови.
🚨🚨 🇷🇺 Russian intelligence ship KILDIN is burning off the coasts of Syria according to @RFI pic.twitter.com/EP0s8E80Vd
— SONARROW (@SONARROW_OSINT) January 25, 2025
Според западните безбедносни служби, бродот бил во источниот Медитеран за да ја следи ситуацијата во Сирија по падот на сојузникот на Москва Башар ал Асад во декември. Во исто време руската морнарица започна со повлекување на воената опрема од делот на пристаништето Тартус под нејзина контрола.
Извор: Индекс.хр