Русија треба да и плати 253 милиони евра отштетата на Грузија, реши Судот за човекови права

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија треба да и плати 253 милиони евра отштетата на Грузија, реши Судот за човекови права

Русија изврши повеќе прекршоци, вклучително и прекумерна употреба на сила, малтретирање, незаконско притворање и ограничување на секојдневното движење преку административната гранична линија помеѓу територијата под контрола на Грузија и отцепените грузиски региони поддржани од Русија, се наведува во одлуката на Судот. 

По војната меѓу Грузија и Русија во 2008 година, Москва ја призна независноста на грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија, кои се под руско влијание. 

Русија се повлече од Европскиот суд за човекови права во 2022 година, но Трибуналот смета дека и покрај ова тој останува надлежен за постапки поврзани со прекршување на човековите права. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата