Ужас во градинка во Израел: Директорка и две негувателки се обвинети за 400 напади над шестмесечни бебиња

8.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во градинка во Израел: Директорка и две негувателки се обвинети за 400 напади над шестмесечни бебиња

Обвинението е поднесено против директорката на приватна градинка во Ариел, град на Западниот Брег, и две наставнички од истиот објект, објави „Тајмс оф Израел“.

Тие се обвинети за повеќе од 400 точки на обвинение за злоупотреба, како и напади врз 17 бебиња и мали деца, некои на возраст од само шест месеци.

Директорката на градинката Лучик, 37-годишната Наталија Кисилевски и негувателките Дарина Халупа и Ана Пагелски, беа обвинети во Централниот окружен суд во Лод.

Тие се обвинети, меѓу другото, за кривични дела злоупотреба на малолетно или беспомошно лице.

Видео објавено од јавната служба Кан прикажува неколку вознемирени родители како се соочуваат со обвинетите додека обезбедувањето ги води.

Обвинителството побара сите тројца обвинети да останат во притвор до крајот на судската постапка. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата