Русија пресретнала над 100 украински дронови

28.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија пресретнала над 100 украински дронови

Министерството на Телеграм информираше дека инцидентите се случиле помеѓу 21 часот и полноќ по московско време, при што биле соборени вкупно 112 дронови. Вкупно 59 од нив биле соборени над регионот Брјанск на украинската граница, додека останатите биле пресретнати над пет други региони.

Гувернерот на регионот Брјанск изјави дека нема жртви, но во нападот се оштетени една куќа и шест автомобили. Во регионот Смоленск, близу полската граница, регионалниот гувернер соопшти дека биле соборени 11 дронови, исто така без жртви.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм соопшти дека 27 беспилотни летала биле соборени додека се движеле кон рускиот главен град. Подоцна, тој број се зголемил на 33.

- Единиците за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите на непријателските дронови, напиша Собјанин.

Русија и Украина извршија голем број напади со дронови во текот на минатата недела. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот информира дека над 900 дронови биле лансирани кон украински цели за три дена, заклучно со понеделникот наутро. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата