Во регионот на Париз се запленети 6.500 парчиња оружје од малолетници- властите загрижени

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во регионот на Париз се запленети 6.500 парчиња оружје од малолетници- властите загрижени

Потпретседателката на француското Национално собрание, Наима Мутшу, предупреди на зголемување на бројот на ладно оружје запленето од малолетници во парискиот регион, истакнувајќи дека минатата година само во пошироката област на Париз биле запленети повеќе од 6.500 оружја.

„Овој тренд е загрижувачки“, изјави Мутшу за BFM TV.

Ова е оружје кое е користено во многу конфликти што доведоа до повреда или смрт на млади луѓе, како што се инцидентите во средно училиште во Нант или убиството во Шатору.

Според неа, конфликтите се случуваат „на само неколку чекори од основните и средните училишта, понекогаш дури и во самите образовни институции“.

„Бројките се немилосрдни, повеќе од 6.500 оружја биле запленети минатата година во пошироката метрополитенска област на Париз“, нагласи таа.

Според неа, од 2016 година, 20 проценти од осомничените со оружје се малолетници, што значи дека околу 3.000 млади луѓе се апсат секоја година за поседување ножеви. Таа истакна дека ножевите се присутни во 60 проценти од убиствата. Според статистиката за 2024 година, малолетници на возраст од 13 до 17 години сочинуваат 31 процент од осомничените за вооружени грабежи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата