Растот на еврозоната е изложен на ризик во случај на царинска војна, предупреди Кристин Лагард

20.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Растот на еврозоната е изложен на ризик во случај на царинска војна, предупреди Кристин Лагард

Ова го изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард.

„Влијанието на трговските мерки останува неизвесно, но според ЕЦБ, американските царини од 25 отсто на европскиот увоз би го намалиле растот на еврозоната за 0,3 процентни поени во првата година“, а „европските одмазднички мерки ќе ја зголемат оваа загуба на 0,5 процентни поени“, предупреди Лагард во обраќањето пред Европскиот парламент.

Таа истакна дека ефектот „ќе биде концентриран во првата година“ и ќе остави „трајно негативно влијание врз производството“.

„Таквото сценарио, исто така, би ги направило изгледите за инфлација „многу понесигурни“, додаде Лагард.

Во најновите прогнози, ЕЦБ очекува раст од 0,9 отсто во 2025 година во еврозоната и 1,2 отсто во 2026 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата