Талибанците од Авганистан ослободија Американец по две години заробеништво

20.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Талибанците од Авганистан ослободија Американец по две години заробеништво

Глезман е ослободен по неколкунеделни преговори водени од катарски и американски посредници. Изворот рече дека Катар направил пробив за време на неодамнешниот состанок со талибанците, јавува Ен-Би-Си.

Американскиот претставник за заложници Адам Белер, исто така, бил во близок контакт со неговите колеги од Катар за да обезбеди ослободување на Глезман, рече изворот, истакнувајќи дека Белер најверојатно ќе го придружува Глезман при неговото враќање во САД од Кабул.

Портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи денеска објави фотографии на кои Белер и поранешниот американски амбасадор во Авганистан Залмај Калилзад се среќаваат со претставници на Талибанците.

Халилзад го потврди ослободувањето на Глезман.

„Денес е добар ден. Успеавме да ослободиме американски државјанин, Џорџ Глејзман, по две години во притвор во Кабул. Талибанската влада се согласи да го ослободи како гест на добра волја кон (американскиот претседател) Доналд Трамп и американскиот народ. Џорџ е на пат дома кај своето семејство“, порача тој на платформата X.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата