Путин нареди прекин на нападите врз украинската инфраструктура во наредните 30 дена

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин нареди прекин на нападите врз украинската инфраструктура во наредните 30 дена

Руските медиуми јавуваат дека по разговорот со Доналд Трамп, Путин ѝ наредил на војската да ги запре нападите врз овие цели на 30 дена.

Кремљ објави дека Путин и Трамп изразиле заеднички интерес за „нормализација на односите“ меѓу САД и Русија, а договорена е и размена на 175 затвореници меѓу Москва и Киев. Москва се согласи и да предаде 23 тешко ранети украински војници.

Белата куќа објави дека „лидерите се согласиле дека движењето кон мир ќе започне со прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, како и технички преговори за спроведување на поморски прекин на огнот во Црното Море, целосен прекин на огнот и траен мир“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата