Роман-Бардалес е уапсен на автопатот Теочело-Бастла во Веракруз, се наведува во заедничкото соопштение на Обвинителството, Министерството за национална одбрана и Националната гарда, пренесе Си-Ен-Ен.
„Тој беше информиран за причините за неговото апсење, му беа прочитани неговите законски права и ќе биде префрлен во Мексико Сити, пред надлежните органи, а потоа ќе биде депортиран во Соединетите Американски Држави, каде што е распишана потерница за негово апсење“, се вели во соопштението.
На прашањето дали апсењето е извршено на барање на администрацијата на Доналд Трамп, ФБИ изјави за Си-Ен-Ен дека „засега нема коментар“.
Според ФБИ, Роман-Бардалес наводно бил вклучен во насочување на криминалните активности на групата во САД, Мексико и неговата родна земја, Ел Салвадор.
Тој е обвинет и дека наредил „бројни акти на насилство врз цивили и членови на ривалски банди, како и дека имал улога во шемите за дистрибуција и изнуда на дрога во САД и Ел Салвадор“.
Today, the #FBI celebrates a major victory, as we successfully extradite Francisco Javier Roman-Bardales, a senior MS-13 leader and one of our 'Ten Most Wanted' fugitives, from Mexico. This crucial step enhances the safety of communities across America. https://t.co/oDEsaq8QqG https://t.co/hS4UuZvJ0H pic.twitter.com/9f1LcxX3Cc
— FBI (@FBI) March 18, 2025
Тој е обвинет во САД за „заговор за обезбедување и прикривање материјална поддршка и ресурси на терористите, наркотерористички заговор, заговор за рекетирање и заговор за шверц на луѓе“.
ФБИ понуди награда од 250.000 долари за информација што ќе доведе до негово апсење. Администрацијата на претседателот Трамп ја означи MS-13, банда која потекнува од Лос Анџелес, како терористичка организација, заедно со други криминални групи.
Некои поранешни и сегашни функционери веруваат дека назначувањето на картелите како терористички групи може да го отвори патот за директни американски напади врз базите на картелите и лабораториите за производство на дрога во Мексико.