Путин му се јави на Ердоган

20.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин му се јави на Ердоган

Двајцата лидери разговарале за случувањата во Украина.

Се наведува дека Путин разговарал со Ердоган за неговата средба со Трамп во Алјаска, објави Ројтерс.

Рускиот претседател ја истакнал помошта на Турција во одржувањето разговори со украинските претставници во Истанбул. Лидерите разговарале и за развојот на трговските и инвестициските врски меѓу нивните земји.

Путин и Ердоган се согласиле да останат во контакт.

„Тие, исто така, се осврнаа на некои актуелни прашања на билатералната агенда, вклучително и понатамошниот развој на трговските и инвестициските односи. Беше договорено да се продолжат личните контакти“, се вели во соопштението на Кремљ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата