Пукотница во парк во Филаделфија: Повредени деца, има и загинати (ВИДЕО)

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукотница во парк во Филаделфија: Повредени деца, има и загинати (ВИДЕО)

Во пукотницата загинаа две лица, маж и жена, додека вкупно единаесет лица се повредени.

Инцидентот се случил вчера  навечер околу 22:30 часот по локално време на аголот од Лемон Хил Драјв и Поплар Драјв. Според полицијата, пукањето следело по собир на ентузијасти за автомобили, кој се претворил во хаос, пишува „Мирор“.

Меѓу ранетите има тинејџери на возраст од 15, 16 и 17 години. Сите повредени, вклучувајќи едно лице кое беше удрено од возило во хаосот што настанал, се однесени во болница и се во стабилна состојба.

На местото на настанот е снимен драматичен материјал, на кој се гледа силно полициско присуство во паркот. Никој сè уште не е уапсен во врска со пукањето, не е пронајдено оружје, а информации за потенцијални осомничени не се објавени.

Полицискиот комесар на Филаделфија, Кевин Бетел, потврди дека маж и жена ги загубиле животите во пукањето, додека другите се надвор од животна опасност.

Паркот Фермаунт, отворен уште во 1812 година, се простира на повеќе од 2.000 хектари и ги вклучува источниот и западниот дел од паркот, одделени со реката Шујкил. Пукањето се случило во источниот крај на паркот, кој се протега до центарот на градот како што се Бруери Таун и Стробери Меншн. Паркот ја вклучува и познатата зоолошка градина во Филаделфија.

Полицијата апелира до сите граѓани кои имаат какви било информации за инцидентот да се јават кај надлежните органи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата