Пукотница пред суд во Германија- повредени се повеќе лица, еден од напаѓачите е забарикадиран

26.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукотница пред суд во Германија- повредени се повеќе лица, еден од напаѓачите е забарикадиран

Шокантниот инцидент се случил пред судот на кој му се суди на Хусеин Акурт, кој е обвинет за убиство на професионалниот боксер Бесар Нимани во 2024 година, објави Билд.

Околу 13 часот и 30 минути по локално време, набргу по завршувањето на судењето, пукале од околу 150 метри од судницата.

Очевидци за Билд изјавија дека полицајците надвор од судницата извикувале: „Некој пука надвор!“.

Медиумите наведуваат дека најмалку двајца членови од семејството на обвинетиот се ранети.

Досега еден осомничен сторител е уапсен, додека другиот се забарикадирал во блиската зграда.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата