Пукотница пред позната продавница во Остин- три лица се убиени, меѓу нив и дете (ВИДЕО)

12.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукотница пред позната продавница во Остин- три лица се убиени, меѓу нив и дете (ВИДЕО)

Осомничениот, 32-годишен маж, е уапсен откако украл возило од местото на настанот и се обидел да избега.

Според шефот на полицијата во Остин, Лиса Дејвис, полицијата била повикана на местото на настанот во 14:15 часот и пронашла три лица со прострелни рани на паркингот пред продавницата.

„Денес е многу тажен ден за Остин“, рече Дејвис.

Според службата за брза помош на округот Остин-Травис, едно дете и возрасен починале на местото на настанот, додека другиот возрасен починал во болница.

Осомничениот украл автомобил по пукотницата, кратко потоа доживеал сообраќајна несреќа, а потоа украл друго возило и на крајот бил уапсен во јужен Остин. Полицијата користела тизер за време на апсењето, рече шефот на полицијата. Таа, исто така, истакна дека осомничениот има историја на проблеми со менталното здравје, а мотивот за пукотницата сè уште е под истрага.

Се верува дека една од жртвите бил возачот на возилото што било украдено пред продавницата „Таргет“. Градоначалникот на Остин, Кирк Вотсон, изрази сочувство до семејствата на жртвите на социјалните мрежи.

„Ова е катастрофална ситуација и моето срце е со жртвите и нивните семејства. Иако истрагата е сè уште во тек, можам да кажам дека ова беше одвратен, кукавички чин на насилство со оружје“, напиша Вотсон.

Тој, исто така, им се заблагодари на полицијата во Остин и другите служби за итни случаи за нивниот брз одговор и апсење на осомничениот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата