Деца на плажа убиле маж со бетонски блок, па мирно отишле на помфрит и риба

12.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деца на плажа убиле маж со бетонски блок, па мирно отишле на помфрит и риба

Полицијата била повикана на местото на настанот околу 19 часот во недела навечер по пријави за „конфронтација“ меѓу мала група луѓе. Мажот бил пронајден со сериозни повреди и за жал бил прогласен за мртов на местото на настанот. Неговото семејство е информирано.

Сведоци тврдат дека жртвата била удрена во главата со голема бетонска плоча и неколку локални жители, вклучувајќи го и сопственикот на блиската паб, се обиделе да му го спасат животот. Татко на три деца, кој побара да остане анонимен, изјави за MailOnline дека го видел човекот како трча по патеката, по него група тинејџери, момче и две девојчиња. Тој рече дека еден од младите мажи имал посекотина над окото и крварел, и првично мислел дека бил нападнат, објавува Metro.

„Додека продолжував да одам, видов човек како лежи на земја со луѓе што стојат околу него. Една жена му даваше CPR“, рече сведокот.

„Го проверив телото, немаше крв, па знаев дека не бил избоден. Жената и друг маж кои се обидуваа да му помогнат рекоа дека виделе тинејџер како го шутира човекот по главата. Ми беше јасно дека е мртов и дека нема излез. Мојот 11-годишен син беше со мене, се обидов да го заштитам и му реков веднаш да се врати на велосипедот до приколката“, додаде тој.

Сведокот тврди дека подоцна ги пронашол тројцата тинејџери пред блиската продавница за риба и помфрит и им извикал: „Тукушто убивте човек. Не го претепавте, го убивте.“

Сопственикот на блискиот паб „Ворден Беј“, Крис Прајм, донел дефибрилатор на местото на нападот пред да пристигне брзата помош, кога едно лице влегло во пабот барајќи помош.

„Нападот се случил на плажата спроти нашиот паб. Полицијата побарала да ги прегледа нашите безбедносни камери“, се вели во соопштението на пабот.

„Се верува дека човекот дошол од правец на Лејсдаун по плажата“, се додава.

Кратко по смртта на мажот, полицијата уапси тројца малолетници, девојче (16) и две момчиња на возраст од 14 и 15 години, под сомнение за убиство. Сите се во притвор, а истрагите се во тек.

Тинејџерите биле пронајдени на локалното игралиште, „Џими Џис Амусментс“, потврди менаџерот на местото, Ентони Вест (29).

„Работев во продавницата за сладолед спроти кога слушнав врева и излегов надвор. Имаше четири полициски автомобили, а едно момче веќе беше ставено во автомобил со лисици на рацете“, изјави тој за „Сан“.

Полицијата ја опколи големата чистина зад плажата, пред кампот. Една локална жена рече дека била изненадена што нејзината попладневна прошетка била прекината, бидејќи мислела дека хеликоптерот што летал над областа припаѓал на крајбрежната стража, што е честа појава во текот на летните месеци. Полицијата во Кент апелира до секој што има какви било информации за инцидентот да се јави.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата