Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија

15.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија

Украинската противвоздушна одбрана на Телеграм објави дека во текот на ноќта пресретнала и уништила две балистички ракети „Кинџал“ и 91 беспилотни летала.

Една ракета и 41 дрон погодиле цели во 13 места во Украина.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа биле пресретнати и уништени 64 украински дронови.

Дваесет и пет украински беспилотни летала биле пресретнати над Рјазанската област, 17 над Ростовскиот регион, осум над Тамбовскиот регион, пет над Воронежскиот регион, по два над Белгородскиот, Саратовскиот и Липецкиот регион, и по еден над Тулскиот и Самарскиот регион, како и над Република Татарстан. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата