Позната е причината за смртта на 44- годишниот директор на Страбаг, која гради и низ Македонија

19.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Позната е причината за смртта на 44- годишниот директор на Страбаг, која гради и низ Македонија

Во меѓувреме, сега е утврдена причината за смртта.

Според докторот, Хаселштајнер „немал шанса“

Според „Клајн цајтунг“, Хаселштајнер починал од аневризма.

- Медицински гледано, немавме шанси, секоја помош би стигнала предоцна. Општиот лекар Шрот, кој со децении го лекува и го следи семејството Хаселштајнер, беше со Клеменс во последните моменти. Клеменс и неговите двајца браќа ги познава од нивното детство, истакнува весникот, пренесува Билд.

Аневризма е испакнатост на ѕидот на крвниот сад, најчесто артерија. Ако пукне аневризмата, може да дојде до сериозно крварење, кое брзо може да доведе до смрт. Проблемот е што аневризмите најчесто не предизвикуваат симптоми на почетокот и се откриваат случајно при рутински прегледи.

Шрот исто така опиша како родителите се справуваат со трагичната смрт на нивниот син:

- Родителите се многу силни луѓе кои надминале многу проблеми во животот, но нема утеха да се соочи со таква судбина.

Страбаг е една од најголемите градежни компании во Австрија, која според сопствените податоци остварува годишен приход од околу 19 милијарди евра. Концернот вработува околу 86.000 вработени ширум светот. Клеменс Хаселштајнер беше еден од четирите синови на патријархот Ханс Петер Хаселштајнер (81). Се уште не се знае кој ќе го преземе управувањето со компанијата по ненадејната смрт на директорот.

Комапнијата од Австрија во мометов гради и неколку патни делници низ Македонија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата