Хабек: Германија ќе биде главна на удар на трговските царини на Трамп

19.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хабек: Германија ќе биде главна на удар на трговските царини на Трамп

Предупредувањето од Хабек, кој е водечки кандидат на Партијата на зелените на изборите на 23 февруари во Германија, дојде истиот ден како нешто попозитивна изјава отколку неговиот противкандидат од десниот центар, Фридрих Мерц, кој го нарече Трамп „многу предвидлив“, објави бриселскиот портал Политико.

Говорејќи на предизборниот митинг на Зелените во Минхен, Хабек рече дека земја-членка на ЕУ „со најголем трговски суфицит (со САД) е Германија, а тоа е трн во окото на Доналд Трамп“.

Додека Трамп може да наметне само казнени трговски мерки против целата ЕУ, „можете да бидете прилично сигурни дека тарифите што тој би сакал да ги наметне ќе бидат насочени на таков начин што особено ќе ја погодат германската економија“, тврди Хабек.

Трамп во минатото беше бесен на Европската унија, критикувајќи ја дека не купува доволно американски автомобили или земјоделски производи, а, според Политико, бил „опседнат“ со бројот на германски автомобили на улиците на Менхетен.

Хабек рече дека ЕУ е подготвена да се „одмазди“ за американските царини, нагласувајќи дека Германија мора да стори повеќе за зајакнување на Европа.

„Без разлика што сака да направи следната германска влада, тоа мора да го направи на европски начин“, рече тој.

Во меѓувреме, лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и, како што додава Политико, веројатно следниот канцелар Фридрих Мерц, тврди дека постапките на Трамп нема да бидат изненадување за Европа.

„Мислам дека Доналд Трамп е многу предвидлив. Тој го прави она што го кажува. Во овој поглед, мислам дека можеме да очекуваме многу поголема јасност во следните недели и месеци“, рече Мерц денеска на прес-конференција на состанокот на лидерите на Европската народна партија (ЕПП) во Берлин.

Мерц додаде дека Трамп ја притиска ЕУ да преземе реформи, без оглед на околностите, како што е зголемувањето на одбранбените капацитети на Европа.

„Во тој поглед и ова е можност да се направи вистинската работа“ – изјави Мерц.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата