Познат е идентитетот на таткото од Виена, кој си ја убил ќерката (12) и сопругата

26.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познат е идентитетот на таткото од Виена, кој си ја убил ќерката (12) и сопругата

Обдукцијата на мајката се уште е во тек и се чека конечниот резултат, но како што пренесуваат медиумите, се верува дека ја убил со голи раце или ја претепал до смрт.

Обдукцијата на телото на ќерката покажала дека осомничениот ја задавил.

Да потсетиме, телото на позната адвокатка и нејзината ќерка биле пронајдени во петокот околу 07:20 часот, по што мајката на убиената повикала полиција бидејќи не можела да стапи во контакт со ќерката и внуката.

„Нема полициска историја поврзана со ова семејство“, изјави полицискиот портпарол за Билд.

Полицијата не ја исклучува можноста таткото да се самоубил.

Се уште не е познат мотивот на злосторството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата