Повеќе од 100.000 потрошувачи се уште без струја во Северна Ирска поради бурата Еовин

26.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повеќе од 100.000 потрошувачи се уште без струја во Северна Ирска поради бурата Еовин

Премиерката на Северна Ирска, Мишел О'Нил изјави дека енергетските компании работат на враќање на снабдувањето со електрична енергија што е можно поскоро, но дека големата штета предизвикана од невремето ја отежнува работата.

Ирската компанија за дистрибуција на електрична енергија вчера соопшти дека 625.000 домаќинства и бизниси во земјата останале без струја поради последиците од невремето, додека поправките ќе траат неколку дена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата