Бела куќа: Примирјето во Либан ќе продолжи до 18 февруари

27.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бела куќа: Примирјето во Либан ќе продолжи до 18 февруари

Според соопштение на Белата куќа, функционери од Либан, Израел и САД треба да почнат преговори за враќање на заробениците од ескалацијата на конфликтот на 7 октомври 2023 година.

Израел и либанската милиција Хезболах се договорија за прекин на огнот на крајот на ноември по повеќе од една година конфликт. САД се дел од групата земји кои имаат задача да го надгледуваат почитувањето на примирјето. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата