Иен Овенс (46), Елејн Ланери (40), Лесли Вилијамс (43), Пол Бранан (42), Скот Форбс (51), Бери Вотсон (48) и Џон Кларк (49) се осудени на затворски казни од осум до 20 години, според Скај Њуз.
На осудените им е изречена наредба за доживотно ограничување (OLR), што значи дека можеби никогаш нема да бидат ослободени од затвор.
Во пракса, ОРЛ претставува доживотна затворска казна, но дозволува теоретска можност осудените да бидат ослободени на условна слобода по отслужување на затворската казна. Во тој случај би биле предмет на строг надзор до крајот на животот. Ако после тоа направат кривично дело, се враќаат во затвор.
Members of a paedophile gang that ran a "monstrous" child sex abuse ring in a Glasgow drugs den have each been sentenced to an order for lifelong restriction.
— Sky News (@SkyNews) January 27, 2025
Sky's @connorgillies reports.
WARNING: This video contains graphic content and describes child abuse pic.twitter.com/nlFOFWTCUZ
Овенс, Ланери, Вилијамс и Бранан, меѓу другото, се прогласени за виновни и за обид за убиство на дете кое го затвориле во микробранова печка и кујнски кабинет.
Високиот суд во Глазгов утврди дека злоупотребата траела повеќе од седум години со нелегално употреба на дрога. Децата претрпеле силување, обид за убиство и физичко насилство.
Полицијата го опиша злоставувањето како „незамисливо“.
Две девојчиња и едно момче биле насилно и сексуално злоставувани во повеќе наврати од 2012 до 2019 година.
На судењето било кажано дека групата организирала „ноќи на силување“ и „ноќи за танцување и секс“ во запуштен стан во Глазгов. Девојчето било силувано од членовите на групата додека се уште носело пелени.
Таа го опишала станот како „темна и страшна ѕверска куќа“ бидејќи била затворена во плакар со кутија полна со пајаци. Девојчето исто така било затворено во микробранова печка и фрижидер и принудено да јаде кучешка храна.
Постарото момче и девојче биле подложени на дивјачки тепања и сексуално насилство. Членовите на групата користеле и тешки дроги пред децата и ги поттикнувале да консумираат алкохол и дрога.
Центарот за социјална работа првпат започнал со мониторинг на жртвите во август 2017 година, а во јули 2018 година издале проценка за нивната ранливост. Сепак, целосниот обем на злоупотреба бил откриен дури во март 2020 година.
Сите седуммина обвинети ги негирале обвиненијата, но се прогласени за виновни во ноември 2023 година, по двомесечно судење.
Изрекувањето на казната е одложено во очекување на проценка на ризикот пред изрекувањето на доживотна казна.