Кралот Абдула Втори денеска во Брисел потпиша Стратешко и сеопфатно партнерство со Европска Унија.
Стратешкото и сеопфатно партнерство се фокусира на три главни цели: поддршка на стабилноста на Јордан, придонес во политичката, економската и административната визија за модернизација на кралот Абдула Втори и поттикнување на економската отпорност.
Партнерство е поддржано со финансиски и инвестициски пакет за 2025-2027 година, во висина од три милијарди евра. /МИА