Песков: Русија преферира дипломатско решение за војната во Украина

19.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Русија преферира дипломатско решение за војната во Украина

- Секако, пожелно е да ги постигнеме нашите цели преку политички и дипломатски средства, посочи Песков.

Тој претходно најави дека телефонскиот разговор помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска е закажан во 17 часот по московско време (16 часот по средноевропско време).

- Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп е очигледно важен со оглед на разговорите што се одржаа во Истанбул минатата недела, наведе Песков.

Трамп пред два дена најави дека денеска ќе разговара со Путин за ставање крај на војната во Украина.

- Темата на повикот ќе биде завршување на крвопролевањето, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), еден ден по директните руско-украински мировни преговори во Истанбул.

По директните преговори помеѓу делегациите на Русија и Украина на 16 мај, први од пролетта 2022 година, Москва соопшти дека е „задоволна“ од исходот и „подготвена да продолжи со контактите“, а Украина побара средба меѓу Путин и Зеленски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата