Песков: Британскиот план за Украина не доаѓа предвид

20.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Британскиот план за Украина не доаѓа предвид

- НАТО во Украина? Тоа едноставно не е опција. Таквото сценарио би имало сериозни последици врз безбедноста на Русија и е целосно неприфатливо, нагласи Песков.

Според предложениот план, како што пишува британски Телеграф, околу 30.000 европски војници би биле распоредени во украинските градови, пристаништа и критична инфраструктура, вклучително и нуклеарни електрани, но далеку од актуелните фронтови. Наместо поголем копнен контингент, мисијата би се потпирала на „технички надзор“, вклучувајќи разузнавачки и извидувачки авиони, дронови и сателити за целосно следење на ситуацијата, изјави западен функционер.

Операцијата би била поддржана со доволно огнена моќ за „надгледување и неутрализирање на закани“, со цел повторно отворање на украинскиот воздушен простор за комерцијални летови. Поморски патролни бродови би биле испратени во Црното Море за надзор на можните руски закани кон трговските морски рути.

Планот е значително помал од барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој побара 200.000 војници како услов за потпишување мировен договор. Но, со оглед на противењето на Германија, Шпанија и Италија за испраќање копнени трупи, можностите на Европа за долгорочно обезбедување на Украина се ограничени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата